Пожар, тиквешко езеро Фото: Фејсбук Јанчев

Уапсени двајца жители на Дебар, запалиле стрниште во Градскиот парк

Приведени две лица за предизвикување пожар во Дебар.

Според информациите од МВР, приведените потпалиле стрниште во Градскиот парк во Дебар.

-Синоќа во 21:30 и во 23:15 часот во Дебар, полициските службеници ги лишија од слобода М.Ф.(41) и А.Р.(38), двајцата од Дебар. Тие се сомничат дека заедно со уште едно лице околу 19:30 часот предизвикале пожар на стрниште во Градскиот парк во Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на третото лице.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 288 од Кривичниот законик.

Ова не е прв случај со потпалување. Претходно беа приведени жител на Дебар, на село Рајчица и жителка на Долно Косоврасти под истото сомнение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот