Фото: Images Money / Flickr (CC BY 2.0)

Уапсен штипјанец кој за девет месеци насилно изнудил вкупно 4.500 евра од 21-годишник

Полицијата во Штип вчера го уапсила 28-годишниот Ф.Ј., осомничен дека во период од речиси девет месеци, со закани и присилба изнудил вкупна сума од 275.000 денари од 21-годишно момче, исто така од Штип.

Според пријавата, Ф.Ј. во периодот од октомври 2024 до 20 јуни 2025, вршел сериозни притисоци врз оштетениот, користејќи закани и психолошка присила.

– Осомничениот го натерал оштетениот да аплицира во неколку финансиски друштва за брзи кредити, да позајмува пари од трети лица, па дури и да го продаде својот мобилен телефон. Покрај тоа, го присилил да земе и пари од сопствениот татко, со што вкупната штета достигнала 275.000 денари – велат од полицијата.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на предметот, против Ф.Ј. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот