Фото: Unsplash

Уапсен осомничениот за прободување минувачи во Јапонија

Мажот Јусуке Јагучи (46), осомничен дека со нож избодел минувачи во Нагано, централна Јапонија, убивајќи еден маж, а ранил уште двајца, е уапсен соопшти денеска префектурата на Нагано.

Јагучи е уапсен во својот дом, три километри источно од местото на злосторството пред железничката станица во Нагано, под сомнение дека се обидел да убие жена која беше полесно повредена во нападот што се случи во средата вечерта, јави јапонската новинска агенција Кјодо. Полицијата соопшти дека оружјето користено во нападот сè уште не е пронајдено, пренесува Танјуг.

Во нападот е убиен Хиројоши Марујама (49), а уште еден маж е тешко повреден. Осомничениот побегнал од местото во близина на станицата каде нападнатите го чекале автобусот.

Полицијата користела снимки од надзорните камери за да го лоцира осомничениот, за кој се верува дека избегал од местото на настанот пеш, соопштија истражни извори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот