Фото: Фејсбук

Уапсен Мухамед Љамалари, осомничениот за рушењето на заштитениот објект во Скопската чаршија

Првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во Скопската чаршија, Мухамед Љамалари, попладнево е уапсен, потврди полицијата за „Курир“.

Тој бил уапсен во хотел во близина на Бит-пазар, а бил баран за да биде спроведен во притвор за Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, Злоупотреба на службената положба и Злосторничко здружување.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик, велат од МВР за Курир.

Според официјалните информации од истрагата која се водеше, Љамалари тогаш во својство на претседател на Одборот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, назначен како кадар на Демократската унија за интеграција (ДУИ), ја формирал и организирал криминалната група.

-Тој иако знаел дека хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да изврпат негово противправно рушење и уништување, соопштија тогаш од Јавното обвнителство.

Обвинителството гони 11 луѓе за рушењето на „Шар Ан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот