Руска амбасада во Стокхолм/Фото: EPA-EFE/ANDERS WIKLUND SWEDEN OUT

Уапсен маж кој се обидел со автомобил да влезе во руската амбасада во Стокхолм

Шведската полиција соопшти дека уапсила маж кој рано утрово се обидел да упадне во руската амбасада во Стокхолм пробивајќи ја капијата со својот автомобил.

Полицијата соопшти дека 45-годишникот не успеал и бил уапсен под сомнение за насилно влегување.

Полицијата не соопштува дополнителни информации за идентитетот на мажот.

Портпаролот на полицијата изјави дека нема индикации за можен мотив и дека во автомобилот не е пронајдено ништо сомнително.

Руската амбасада не беше достапна за коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот