Фото: илустрација

Уапсен е маж во Белград: Ја избол поранешната партнерка, па го киднапирал нејзиното дете

Маж со иницијали И. С., е уапсен во земунската населба Батајница откако по кратка расправија ја избол со нож 20-годишната поранешна партнерка и го киднапирал нејзиното дете, пишува Нова.

„Припадници на полицијата во Белград, во соработка со Третото основно јавно обвинителство во Белград, го уапсија И. С. (37) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела насилно однесување и загрозување на безбедноста“, соопшти полицијата.

Тој е осомничен дека денеска, во близина на продавница на Батајница, по кратка расправија, ја повредил својата дваесетгодишна поранешна  партнерка со нож во пределот на градите, грабнувајќи ѝго детето од рацете. Потоа го однел детето во куќата на мајката на поранешната партнерка, а полицијата набрзо го уапсила и го пронашла ножот за кој се сомнева дека е употребен во ова кривично дело.

Повредената жена била однесена во КБЦ Бежанијска коса, каде што ѝ биле констатирани полесни повреди.

Осомничениот е приведен и ќе биде спроведен во надлежното обвинителство во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот