
ТВ24 ги обелодени компромисните амандмани на Комитетот за надворешна политика ( АФЕТ )
Темелна истрага за Кочани, партиски откази и назначувања на позиции, странско мешање, проект „српски свет„, отворање на досиејата на Удба и Кос, уставни измени.
Темелна истрага за Кочани, партиски откази и назначувања на позиции, странско мешање, проект „српски свет„, отворање на досиејата на Удба и Кос, уставни измени. Ова стои во документот со усвоените компромисни амандмани на ниво на Комитетот за надворешна политика ( АФЕТ ) во Европарламентот, јавува ТВ24.
Препорачано
Додека се чека дали на почетокот од месецот, европратениците ќе дадат зелено светло за „модерен“ макеоднски јазик и идентитет, во Извештајот на Вајц стојат критики, барања и пресликани елементи од Протоколот со Бугарија. Европаралментарците уште на почетокот од текстот изразуваат тага за жртвите од Кочани, ја поздравуваат солидарноста од соседните земји – особено на Грција и Бугарија за помошта и бараат темелна истрага и одговорност.
Компромисен амандман 5; параграф 26 в (ново) – Повикува на темелна и транспарентна истрага за пожарот во ноќниот клуб Кочани на 16 март 2025 година, за да се изведат пред лицето на правдата одговорните лица, а исто така и да се ажурира и темелно да се спроведе законодавството за да се спречат слични трагедии и да се обезбеди подобра јавна безбедност и усогласеност со прописите за заштита на граѓаните.
Се бара системска одговорност на јавните институции, нотирани се влошени резултати во борбата против корупцијата вклучително и високата корупција и ниска доверба во судството. Во компромисниот амандман 5 стои дека треба да се спречи прекумерно влијание и заплашување.
Компромисен амандман 2 ; параграф 12 – Ги повикува властите на Северна Македонија да се воздржат од непроѕирни, политизирани отпуштања и назначувања на позиции во независни тела и агенции, како и да обезбедат дека институциите на организацијата се соодветно финансирани и дека одлуките и препораките се спроведуваат доследно; со жалење го забележува континуираниот недостаток на напредок во зајакнувањето на Канцеларијата на Народниот правобранител;
Во документот пишува дека Европарламентот е длабоко загрижен за странско мешање и дезинформациски кампањи, вклучувајќи хибридни закани, стратешка корупција и нетранспарентни финансиски текови. Потенциран е заемот од Орбан за кој велат дека очигледно е набавен од Кина.
Целиот текст на следниот линкот на ТВ 24.