Бугарски пасоши/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Турска државјанка со лажен бугарски пасош сакала да патува за Англија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинение против 19-година државјанка на Турција за кривично дело фалсификување исправа.

На 16 март, на скопскиот при обид да ја помине пасошката контрола за летот кон Лондон-Лутон, таа употребила фалсификувана бугарска патна исправа.

Употребениот пасош се разликувал од оригиналниот примерок на патна исправа издадена од Република Бугарија по однос на повеќе заштитни знаци.

При проверка на личниот багаж на обвинетата било утврдено дека таа поседува оригинална турска лична карта од која бил утврден нејзиниот идентитет .​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот