Фото: МИА

Триесетина автобуси на ЈСП стојат паркирани, нема метан

Триесетина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје денеска не сообраќаат поради немање метан, изјави попладнево за МИА Меџит Идризи, потпретседател на синдикалната организација при ЈСП.

Идризи појасни дека разбрал од колегите дека автобусите се повлекуваат во гаража бидејќи немале метан. Според неговите информации, проблемот бил во тоа што јавното претпријатие немало платено за горивото.

Поради ова се случувало во текот на денот странци да не можат да отидат да ја посетат Матка, вели тој.

Идризи се осврна и на неизвесноста околу тоа дали ќе се исплати плата до законскиот рок – 15 декември, нагласувајќи дека вработените ги фаќа паника и му се обраќаат, особено тие кои имаат кредити за плаќање.

Тој повика да се решат состојбите во јавното претпријатие кои траат со месеци и да има и редовни плати и редовни автобуски линии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот