Полиција / Фото: МИА

Три лица оштетиле старо минаре во струшкото село Делогожди

Три лица од струшкото село Делогожди со алат оштетиле старо минаре од џамијата во селото.

Како што информираат од СВР Охрид, вчера во 16 часот во полиција било пријавено дека Н.К.(42), А.Ж.(20) и А.К.(20), со алат оштетиле старо минаре од џамијата во селото, предизвикувајќи општа опасност во пошироката околина.

Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот