Јованка Тренчевска/ Фото Министерство за труд и социјална политика

Тренчевска: Креираме мерки за намалување на невработеноста и го унапредуваме стандардот на граѓаните

„Еден од приоритетите на оваа Влада кое го нотиравме и во Програмата за работа 2022 -2024 година беше токму покачувањето на пензиите. Преку социјален дијалог со сите засегнати чинители, дојдовме до заедничко и најодржливо решение, а тоа е воспоставување на нова методологијата за усогласување на пензиите односно усогласување со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата, два пати годишно,“истакна министерската за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на Форумот организиран по повод 100 дена Влада.

На прашање во врска со капиталните инвестиции на Министерството за труд и социјална политика, и планот за наредниот период, министерката Тренчевска се осврна на реализираните инвестиции во изградба на детски градинки и дневни центри за лица со попреченост. Во таа насока, таа информираше дека, од 2017г. досега отворени се вкупно 69 објекти – детски градинки и зголемен опфат за околу 4.300 деца. До крајот на 2022 година, предвидено е отворање на нови 13 градинки/објекти со вкупен капацитет за 1.360 деца, а 15 градинки кои се во тек, се планирани да се отворат во 2023 година со вкупен капацитет за 1.905 деца. Во тек е и адаптација и реконструкција на Дневен центар за лица со попреченост во О. Чашка.

На тема намалување на невработеноста министерката Тренчевска ја истакна заложбата на министерството преку законски решенија и активни програми и мерки во континуитет ја намалува невработеноста. Притоа се осврна на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, Воведување на Гаранција за млади, донесување и имплементација на Законот за практиканство, Закон за младински додаток и Закон за младинско учество и младински политики.

„Во 2021 година, вкупниот опфат на лица со програмите/мерките за вработување од Оперативниот план за вработување изнесуваше 11.933 невработени лица. Во 2022 година со Оперативниот план за вработување зголемен е опфатот на 14.685 невработени лица. За реализација на Оперативниот план за вработување обезбедени се 30 милиони евра, што е за 5 милиони евра повеќе во споредба со минатата година. Оваа година зголемен е опфатот за најбараната мерка за самовработување, со што обезбедена е финансиска поддршка за отворање на сопствен бизнис за 2000 лица, “ истакна Тренчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!