Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Трамп: За убиството во Вашингтон за сторителите ќе бараме смртна казна
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе бара смртна казна за сторителите на убиствата во Вашингтон.
Препорачано
„Ако некој убие некого во главниот град, Вашингтон, ние ќе бараме смртна казна“, изјави Трамп денес, за време на состанокот со членовите на кабинетот, пренесе Си-Ен-Ен.
Тој рече дека тоа е „многу силна превентивна“ мерка.
„Не знам дали сме подготвени за тоа во оваа земја… немаме избор“, рече Трамп.
Тој додаде дека мерката ќе биде спроведена во главниот град, Вашингтон, додека „државите ќе мора сами да донесат одлуки“.

Министерството за правда стави мораториум на федералната употреба на смртната казна за време на администрацијата на претходникот на Трамп, Џозеф Бајден.
Минатата недела, секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Пит Хегсет, им нареди на членовите на Националната гарда кои патролираат по улиците на Вашингтон, да почнат да носат огнено оружје како дел од борбата против криминалот.
Овој чекор, според АП, е продолжение на интервенцијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во главниот град на земјата, во време кога речиси 2.000 припадници на Националната гарда се стационирани во тој град.
Трамп потоа ја објави можноста за слични мерки во Чикаго и Њујорк.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
22мин
-
25мин
-
46мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5