
Трамп со порака до Си Џинпинг: „Големи поздрави за Путин и Ким“
Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада каде што Кина презентираше ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата социјална мрежа преку која ги поздрави и ги обвини за заговор, кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кои беа заедно на парадата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Големото прашање е дали претседателот Си од Кина ќе ја спомене огромната поддршка и „крв“ што Соединетите Американски Држави ѝ ја дадоа на Кина за да помогнат во обезбедувањето на СЛОБОДАТА од многу непријателски странски напаѓач. Многу Американци загинаа во потрагата на Кина по Победа и Слава. Се надевам дека ќе бидат соодветно почитувани и запомнети по нивната храброст и жртва“, напиша Трамп.
„Нека претседателот Си и прекрасниот народ на Кина имаат голем и траен ден на прослава. Ве молам, пренесете ги моите најтопли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг Ун додека заговарате против Соединетите Американски Држави“, додаде тој.