Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Трамп пресече, Украина ќе добие помош каква што бараше од САД уште од почетокот на инвазијата

Соединетите Американски Држави ќе почнат да доставуваат разузнавачки информации до Украина за поддршка на ракетни напади со долг дострел врз руската енергетска инфраструктура. Ова е прв пат од почетокот на војната во Украина американската администрација да одобри таква помош, ексклузивно објавува „Волстрит журнал“.

Претседателот Доналд Трамп им даде зелено светло на Пентагон и разузнавачките агенции да му помогнат на Киев да ги изврши овие напади, додека Вашингтон истовремено ги охрабрува сојузниците на НАТО да се вклучат во слична соработка, тврди „Волстрит журнал“.

Одлуката означува продлабочување на посветеноста на Америка кон Украина во време кога мировните преговори со Москва се во застој.

Според анонимните службеници, собраните информации ќе ѝ овозможат на Украина да ги таргетира „рафинериите, цевководите, електраните и другата инфраструктура длабоко на руска територија“, со цел ослабување на воената економија на Кремљ.

Администрацијата, исто така, ја разгледува испораката на ракети „томахавк“ и „баракуда“, способни да погодат цели на оддалеченост до 500 милји.

„Чекаме писмени упатства од Белата куќа пред да ги споделиме потребните разузнавачки информации“, изјави американски функционер за Волстрит журнал.

Овој потег доаѓа во време кога Трамп ја менува својата реторика за војната во Украина.

Откако неговите обиди да посредува меѓу Киев и Москва досега не успеаја, Трамп станува сè понезадоволен од рускиот претседател Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот