Деца во Газа чекаат ред за храна/Фото: Saher Alghorra / Zuma Press / Profimedia

Трамп планира да ги расели сите Палестинци и да ја преземе контролата врз Газа

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува план според кој сите Палестинци би биле раселени од Појасот Газа, а САД би ја преземале контролата врз таа територија, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извештај до кој имал пристап.

Во него се наведува дека Газа би се претворила во „протекторат“ што би го администрирале САД најмалку 10 години, а една од целите е „палестинската енклава да се претвори во туристичко одморалиште и технолошки центар“, слично на претходната идеја на Трамп за „Блискоисточна ривиера“.

Планот, исто така, вклучува раселување на два милиони Палестинци преку „доброволни заминувања“ во други земји или во „оградени безбедносни зони“ во рамките на енклавата додека продолжува реконструкцијата, според „Вашингтон пост“.

Се додава  дека Газа би била управувана од организација наречена GREAT Trust, а жителите на Газа кои поседуваат земјиште би добиле „дигитален токен“ во замена за правото да ја развиваат својата земја.

Тие би можеле да го користат тој токен за да започнат живот на друго место или да го заменат со стан во еден од шесте до осум нови „паметни градови“ што се планира да се изградат во Газа, според весникот „Вашингтон пост“.

„Вашингтон пост“ пишува дека предлогот го развиваат некои од Израелците кои ја основале Американско-израелската хуманитарна фондација за Газа (GHF), која дистрибуира храна во енклавата, и е критикувана од голем број хуманитарни организации, вклучувајќи ги и Обединетите нации.

Канцеларијата за човекови права на ОН наведува дека повеќе од 1.000 Палестинци биле убиени во близина на центрите на GHF додека чекале во редови за храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот