Доналд Трамп во Вашингтон/Фото: Mandel NGAN / AFP / Profimedia

Трамп одлучи: Америка влегува во војна со наркокартелите

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи дека САД се во „немеѓународен вооружен конфликт“ со наркокартелите, според документ испратен до Конгресот, кој ја разјаснува правната основа за американските напади врз наркобродови во близина на Венецуела.

Документот, кој го виде Ројтерс, беше доставен до законодавното тело од страна на главниот адвокат на Пентагон.

Американската војска уништи најмалку три брода во изминатиот месец, убивајќи најмалку 17 лица, а критичарите го обвинуваат Трамп дека ги тестира границите на неговите претседателски овластувања.

Документот ги опишува убиените како „нелегални борци“.

Трамп утврди дека нарко-картелите се во суштина недржавни вооружени групи чии дејствија „претставуваат вооружен напад врз Соединетите Американски Држави“.

„Претседателот утврди дека Соединетите Американски Држави се вклучени во немеѓународен вооружен конфликт со овие означени терористички организации“, се вели во наредбата.

Документот му наложува на „Министерството за војна“, како што Трамп го нарекува Министерството за одбрана, да преземе мерки против нив во согласност со законите за војна.

Администрацијата на Трамп вели дека нападите испраќаат јасна порака до наркокартелите, особено откако организациите беа означени како терористички организации претходно оваа година, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот