Трамп и Нетанјаху
Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE / Gripas Yuri

Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западниот Брег, одбивајќи ги барањата на дел од крајно десните израелски политичари за проширување на израелскиот суверенитет врз оваа територија.

„Не, нема да дозволам. Тоа нема да се случи. Доста е, време е ова да запре“, рече Трамп во Белата куќа, објаснувајќи дека темата ја покренал по телефонскиот разговор со премиерот Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Појасот Газа.

Притисокот за анексија доаѓа од дел од десното крило на коалицијата на Нетанјаху, кое бара формално воведување на израелскиот суверенитет врз Западен Брег. Овие барања предизвикуваат силна загриженост кај арапските лидери, од кои дел се сретнаа со Трамп на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Западен Брег е освоен од Израел во војната во 1967 година. Палестинците со децении го бараат како дел од својата идна држава, заедно со Источен Ерусалим и Појасот Газа. На оваа територија денес живеат околу 2,7 милиони Палестинци и околу 700.000 израелски доселеници. Повеќето земји во светот не ги признаваат израелските населби таму и ги сметаат за нелегални според меѓународното право.

Изјавата на Трамп доаѓа во чувствителен момент на засилени судири во Газа и зголемен дипломатски притисок за изнаоѓање долгорочно решение за израелско-палестинскиот конфликт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот