Доналд Трамп разговара на телефон / Фото: Profimedia

Трамп нареди суспендирање на интервјуата за студентски визи во амбасадите на САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на американските амбасади да ги прекинат состаноците за студентски визи додека се подготвува да ги прошири процедурите за проверка на социјалните мрежи за тие студенти.

Во копија од меморандум испратен до дипломатските мисии, државниот секретар Марко Рубио рече дека паузата ќе трае „до понатамошно известување“.

Тој додаде дека ќе се засилат проверките на социјалните мрежи за студентски и за размена на визи, пренесува Си-би-ес Њуз.

Засилените проверки уследија по тврдењата на Трамп дека некои американски универзитети се премногу „левичарски“ и промовираат „антисемитизам“, пренесува Танјуг.

Американскиот претседател неодамна се обиде да му забрани на Харвард да запишува странски студенти, а спроведувањето на таа наредба беше одложено од федерален судија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот