Фото: МИА

Трамп најавува средба со Си Џинпинг: Сојата ќе ни биде главна тема во разговорите

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека главната тема на неговата претстојна средба со кинескиот претседател Си Џинпинг ќе биде американската соја, култура која моментално се соочува со значителни загуби поради трговските тензии меѓу двете земји.

„Одгледувачите на соја во нашата земја страдаат затоа што Кина, од „преговорнички“ причини, не купува соја“, рече Трамп во објава на неговата мрежа Truth Social.

За време на трговскиот спор меѓу Вашингтон и Пекинг, кинеските увозници избегнуваа да купуваат соја од есенската жетва во САД, што според проценки предизвикало милијарди долари загуба за американските производители. Есента е критично време за продажба, бидејќи земјоделците носат свежи култури додека глобалните купувачи чекаат на следната жетва во Бразил, најголемиот светски снабдувач.

Кина, како најголем светски увозник на соја, се сврти кон јужноамериканските земји за снабдување, што предизвика пад на цените на стоковата берза во Чикаго.

Трамп минатиот месец исто така изјави дека во телефонскиот разговор со Си е постигнат напредок во преговорите за апликацијата ТикТок и дека е договорена средба во живо во Јужна Кореја за да се разговара за трговијата, борбата против нелегалните дроги и конфликтот во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот