Трамп ќе го угости Ердоган во Белата куќа на 25 септември

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе го угости турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Белата куќа на 25 септември и дека очекува трговски и воени договори да бидат склучени во тој период.

„Работиме на многу трговски и воени договори со претседателот, вклучувајќи ја и купувањето големи авиони Боинг, голем договор за Ф-16 (ловци) и продолжување на разговорите за Ф-35, за кои очекуваме да завршат позитивно“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа Truth Social во петокот, според Ројтерс.

Ердоган последен пат ја посети Белата куќа во 2019 година, за време на првиот мандат на Трамп.

„Претседателот Ердоган и јас отсекогаш имавме многу добри односи. Се радувам што ќе го видам на 25 септември“, додаде Трамп.

Турција ја налути администрацијата на Трамп во 2019 година со купувањето на рускиот систем за ракетна одбрана С-400, а како одговор, Вашингтон ја откажа планираната продажба на борбени авиони Ф-35 на Турција и ја исклучи од заедничката програма за производство на авиони, потсетува Ројтерс. Потоа Турција се согласи на договор за купување авиони Ф-16.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот