Грета Тунберг на протестната блокада за спас на Дошница на Кожуф / Фото: Валентина Живковиќ / Слободен печат

Трамп ја нарече Грета Тунберг „луда“, таа му возврати: Вие страдате од истите проблеми

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја нарече шведската активистка Грета Тунберг „проблематична и луда“, коментирајќи ја нејзината депортација од Израел заедно со стотици пропалестински активисти, пренесува Тајмс оф Израел.

„Таа е едноставно проблематична. Веќе не се грижи за животната средина, а сега го прави ова? Има проблем со управувањето со гневот, мислам дека треба да посети лекар. Таа е млада и толку лута, толку луда“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, објави Скај њуз.

Тунберг, која слета во Атина со група од 161 активист од речиси 20 земји по депортацијата, брзо му одговори на американскиот претседател.

„Ја ценам грижата на Трамп за моето ментално здравје откако тој повторно ги изрази своите многу ласкави мислења за мојот карактер“, напиша таа на социјалните мрежи.

-До Трамп: Би ми било драго да ги примим сите ваши препораки за решавање на овие таканаречени „проблеми со управување со гневот“, бидејќи, судејќи според вашата импресивна евиденција, се чини дека и вие страдате од нив – додаде Тунберг.

Тунберг претходно изјави дека „меѓународниот систем ги предал Палестинците“ откако таа и други активисти се обиделе да достават хуманитарна помош во Газа со флотила бродови.

Израел потврди дека депортирал вкупно 341 активист, вклучувајќи ја и неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот