Трамп исвиркан на спортски натпревар, публиката побара негово отстранување од функцијата

Американскиот претседател Доналд Трамп беше пречекан и со поздрави и со свирежи кога се појави на Медисон Сквер Гарден во Њујорк за да гледа натпревар во боречки вештини.

Ова е вторпат оваа недела американскиот претседател да биде иссвиркан на спортски настан, иако публиката овојпат била поумерена во однос на турнирот во безбол, што се одржа неколку дена претходно во Вашингтон.

Како што пренесуваат медиумите, овојпат некои му аплаудирале кога седнал на своето место, но веднаш на Твитер се појавија снимки на кои се гледа и како свиркаат.

Во публиката имаше и плакати со натпис „Отстранете го Трамп” и „Повлечете го Трамп”, пренесува Си-Ен-Ен.

На натпреварот тој беше во друштво на републикански службеници и синовите Ерик и Доналд Јуниор Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот