Доналд Трамп потпишува наредба/Фото: EPA-EFE/BONNIE CASH / POOL

Трамп го потпиша указот за американски безбедносни гаранции за Катар

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која САД се обврзуваат да ја гарантираат безбедноста на Катар, што претставува значајна нова обврска кон клучен арапски сојузник кој не е член на НАТО, пишува Си-ен-ен.

„САД ќе го сметаат секој вооружен напад врз територијата, суверенитетот или критичната инфраструктура на Државата Катар за закана за мирот и безбедноста на САД“, се вели во наредбата потпишана во понеделник.

Оваа одлука доаѓа во време кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за време на посетата на Белата куќа, му се извини по телефон на катарскиот премиер за израелскиот напад врз Доха минатиот месец. Потоа, Трамп, во заеднички настап со Нетанјаху, го претстави својот план од 20 точки за мир во Газа.

„Во случај на таков напад, САД ќе ги преземат сите законски и соодветни мерки – вклучувајќи дипломатски, економски и, доколку е потребно, воени – за да ги одбранат интересите на САД и Државата Катар и да го вратат мирот и стабилноста“, се вели во документот, според медиумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот