Доналд Трамп / Фото: ABC News / screenshot

Трамп го најави и го испофали новиот американски борбен авион „Ф-47“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска официјално го најави новиот воен ловец кој ќе го развива

Оваа најава доаѓа откако „Вол стри џурнал“ објави дека ловецот ќе биде најскапиот во историјата.

Трамп рече дека првиот „ловец од шестата генерација“ ќе биде познат како „Ф-47“ – очигледна алузија на него како 47-ми претседател.

„Тоа е прекрасна бројка, F-47. Тоа е нешто што светот никогаш не го видел. Во однос на сите атрибути на борбен авион, никогаш немало нешто слично, од брзина до маневрирање до она што може да го носи како товар“, рече Трамп.

Тој рече дека договорот е доделен на Боинг, но не откри колку точно ќе чини програмата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот