Трамп царини ЕPA-EFE/FRANCIS CHUNG / POOL

Трамп бара од Врховниот суд потврда за овластувањата за воведување царини

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд да пресуди дали тој имал овластување да воведе широк спектар царини врз основа на закон предвиден за користење во вонредни ситуации, јавија западни медиуми, повикувајќи се на судски документи.

Министерството за правда поднесе жалба на одлуката на Апелацискиот суд од 29 август, според која најголемиот дел од царините воведени од Трамп се незаконски.

Одлуката го доведе во прашање користењето на овие давачки како клучен инструмент на неговата меѓународна економска политика. Царините засега остануваат во сила и ќе продолжат најмалку до 14 октомври, согласно решението на Апелацискиот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!