
Трамп: Америка го зголемува своето воено присуство во Полска
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговараше со претседателот на Полска, конзервативниот националист Карол Навроцки во Белата куќа. Тој рече дека САД би можеле да го зголемат своето воено присуство во Полска и вети дека ќе се погрижи за одбраната на земјата.
Препорачано
Трамп, кој го пречека својот сојузник со прелет на воени авиони, рече дека САД имаат „неверојатен однос со Полска“, пренесува Ројтерс.
На прашањето на новинарите дали планира да ги задржи американските трупи во Полска, Трамп одговори потврдно.
„Ќе испратиме уште повеќе војници ако Полјаците го сакаат тоа“, рече тој.
По средбата, Навроцки рече дека разговарал со Трамп за зголемувањето на бројот на американски трупи и додаде дека Трамп убедливо ја гарантирал безбедноста на Полска.
Присуството на американската армија на источното крило на НАТО, вклучително и Полска, останува едно од клучните прашања за Варшава, која бара гаранции за безбедносна поддршка во екот на војната меѓу Русија и Украина, пренесува Танјуг.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
11мин
-
14мин
-
16мин
-
16мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5