Павле Трајанов / Фото: Канал 5

Трајанов: Истрагата ќе се шири, одиме во друга фаза на расправии и обиди да се исполитизира немилиот настан

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, кој е партнер во владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Само вистина“ на „Канал 5“ рече оти очекува дека истрагата за трагичниот пожар во Кочани дополнително ќе се проширува.

„Се работи за системска корупција. Значи, силнaта партизација на сите институции. Влијанието на партиите, неутрализација на системот за контрола за одговорност, неодговорноста, доведе до тоа. Ова не е од денеска, овој систем веќе 30 години вака функционира во државата и затоа ни се потребни системски промени ако сакаме да извлечеме, не само сега, туку и во иднина да не се повторуваат такви случаи. Одиме во една друга фаза, на деструкција и револт, меѓусебни политички расправии и обиди да се исполитизира немилиот настан, па може да се даде и друга димензија. Мора да се инсистира на докрај расчистување на случајот. Мислам дека надлежните профункционираа, особено МВР. Гаранција за почитување на правото и клучен играч е јавниот обвинител. Мислам дека сега сите што се опфатени – истрагата ќе се шири“, рече Трајанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот