Фото: Профимедиа

Трагична смрт на пет сурфери: Ги „проголта“ морска пена (ВИДЕО)

Спасувачките екипи успеале да спасат само еден член од групата сурфери, а надлежните органи испитуваат што ги предизвикало необичните огромни наноси на морска пена.

Пет искусни сурфери од Хаг настрадаа во досега невидени наноси  на морска пена пропратена со силни ветрови и бранови, кои ја спречија ефективната интервенција на тимовите за спасување, објави денес Си-ен-ен.

Кралската спасувачка организација во Хаг во понеделникот вечерта била известена за исчезнување на група сурфери, но и покрај обемната акција, спасувањето не дало резултати, поради  огромните наноси на морска пена, силниот ветер и големите бранови.

Две тела беа пронајдени во понеделникот, уште две вчера наутро, додека по петтата жртва сè уште се трага.

Спасувачките екипи успеале да спасат само еден член од групата сурфери, а надлежните органи испитуваат што ги предизвикало необичните огромни наноси на морска пена.

Градоначалникот на Хаг, Јохан Ремкс, изрази сочувство до семејствата на жртвите и ја опиша несреќата како „ужасна трагедија во која беа настрадаа млади, физички спремни, спортски настроени лица, кои многу добро го познавале морето“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!