Пожар во ковид модуларна болница во Тетово / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Трагедијата во модуларната болница ја преживеаја 12 пациенти – спасени се благодарение на медицинскиот персонал

Сите пациенти кои ја преживеаа синоќешната трагедија кога во пожар во кој до темел изгоре тетовската модуларна болница, се спасени благодарение на медицинскиот персонал, вели за „Слободен печат“ доктор Илбер Бесими од тетовската болница, кој истовремено е и заменик претседател во Лекарската комора.

„Слободен печат’ дознава дека точната бројка на преживеани пациенти по синоќешниот пожар кој избувна во модуларната болница е 12 и сите се хоспитализирани во болницата во Тетово.

Првичните официјални информации од Министерството за здравство се дека досега има 10 починати, но неофицијално, таа бројка е повисока.

Во 21 часот и две минути минатата вечер, пријавено беше дека гори модуларната болница во Медицинскиот центар Тетово. Екипите за неколку минути пристигнале на терен со 30 пожарникари и пет возила. Пламените јазици се локализирани во 21 часот и 30 минути.

На Институтот за судска медицина во Скопје, пренесени се телата на жртвите кои настрадаа во трагичниот настан кој ја вознемири јавноста. Нивните обдукции ќе траат неколку денови, затоа што станува збор за комплексни процедури за кои е потребна поголема екипа.

Петмина јавни обвинители ќе ги утврдуваат причините поради кои настана хаваријата која однесе човечки животи.

ВИДЕО | Детали за пожарот во Тетово: Над 30 пожарникари со 7 возила интервенираат, извадени се починатите пациенти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот