Тајфун на Филипините / Фото EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG

Траект се превртел на Филипините, најмалку 26 мртви

Најмалку 26 лица загинаа, а 40 се спасени по превртување на траект на Филипините, соопштија официјални лица, во време кога во земјата беснее тајфунот Доксури.

Официјални лица рекоа дека останува нејасно колку луѓе имало на бродот, кој се превртел во Лагуна де Беј во провинцијата Ризал, источно од Манила.

Бродот се превртел на само 46 метри од брегот, откако го напуштил пристаништето во градот Бинангонан за блискиот остров Талим, изјавија за новинарите полицијата и крајбрежната стража на прес-конференција. Тие рекоа дека чамецот се навалил и неговиот потпорник се скршил кога луѓето се упатиле на едната страна од дрвениот брод поради силните ветрови. Потоа се превртел.

Полицијата во Ризал соопшти дека веднаш започнала спасувачка акција со помош на крајбрежната стража и другите локални власти, но дека најмалку 26 лица се удавиле. Четириесет други беа спасени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот