
Тошковски: Горат четири депонии, Господ не може да ме убеди дека е случајно
Зборувајќи дека пожарите во последните неколку дена на депониите Дрисла, Вардариште и Шуто Оризари како и оној на отпадот во Трубарево се најверојатно подметнати и повтори дека државава е мета на хибридни напади.
Препорачано
-Тоа е мојот личен став. Од 1991 година сум дел од безбедност и од системот на државата. Ние сме цел на хибриден напад. Ние истовремено сме нападнати на повеќе позиции со пожари. Јас ќе ви подсетам, верувам дека знаете, денес во истовреме избувнаа два пожари. Еден во една семенара, каде што исто така имало доста пластичен отпад или можеби пластични гајби, верувам дека знајте, некаде во Кисела Вода, и истовремено се појави овој пожар. Кажете ми колкова е можноста за два сериозни пожари додека ние ја затрупуваме Дрисла и се уште работиме на Вардариште. Колкава е можноста тоа да се случи? Колкава е можноста? – праша Ангелов.
Зборувајќи за пожарот на Вардариште кој настана од палење на кабли и за кој се уапсени три лица, Ангелов додаде:
– Но јас имам неофицијални информации кои, што може би не треба да ги кажам, но ќе ги кажам. Дадена ми се одредена сума на евра за да ги запалат. Тие кабли, таа вечер да ги запалат. Потоа наредната вечер, повторно ги палат. Денеска наутро повторно фативме како палат. Мислите дека основната цел се каблите? Кога знае дека се за нас се голема опасност. Не знаеме на кого да му веруваме, рече Ангелов.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски додаде дека досега над 40 луѓе се лишени од слобода во врска со пожарите кои што настаа досега на различни локации и претежно шумски предели.
-За дел од тие луѓе поднесовме кривични пријави, за најголем дел, дел од тие луѓе се уште се во притвор, секој во врска со конкретен кривичноправен настан. За жал, организационата поставеност помеѓу истите се уште не може да утврди, согласно доказите кои што ги имаме. Но факт е дека во еден ден ни горат, односно да бидам поконкретен, во три дена ни горат четири депонии, условно кажано во Скопје, што диви што легални. Тој факт. Господ не може да му убеди дека ова е случајно, рече Тошковски.
Тој додаде дека Министерството ќе продолжи да работи согласно на надлежностите кои што ги има и изрази уверување дека за секој еден, за кој што има докази Министерството за вратрешни работи ќе ги превземе сите дејства согласно наредбите добиени од страна на судот.