
Топалов: Бугарските институции се единствени по македонското прашање, Скопје е фатално зависно од Белград
Бугарските институции покажуваат едногласност само за македонското прашање, сите сме единствени. За прв пат гледам едногласност на сите политички сили, тоа е прекрасно. Ова го изјави за БНР проф. Кирил Топалов, поранешен бугарски дипломат и член на мешовитата македонско – бугарска комисија за историски прашања.
Препорачано
– Моравме да се обединиме против неприфатливото однесување на оваа земја, која целото свое постоење е дел од бугарската држава. Оваа земја беше спасена од злобната одмазда на Милошевиќ при распадот на Југославија и Бугарија веднаш потпиша договор и ја призна – ѝ дадовме оружје на Северна Македонија против албанските банди, Солун го затвори своето пристаниште за нив, а Бургас стана пристаниште за РСМ. Ние ја заштитивме РСМ, а Србија имаше корист од тоа – коментира Топалов.
– Не се гледа крајот, бидејќи постои стабилна просрпска политика која е исто така проруска. На комисијата и во медиумите секогаш кажувам дека Скопје фатално зависи од Белград, а Белград од Москва. Овие работи треба да се земат предвид кога има провокации. Не треба да им се обрнува многу внимание, но не треба да се остават и без одговор. Ова општество е отруено. Еве народот гласа, колку и да фалсификуваат избори, општеството им е антибугарско, мора да им се признае – рече проф. Топалов.
Тој ја коментираше и посетата на Гордана Сиљановска Давкова кај бугарскиот претседател Румен Радев и објасни дека посетата била пријателска и немало прекршување на протоколот.
– Да не ја обвинуваме дипломатијата, таа го прави она што ѝ го кажуваат од владата и од претседателството. Дипломатијата ги прави контактите. Тука веројатно има спонтана жекба на Гордана Сиљановска Давкова, затоа што детските години ѝ беа поврзани со Софија. Видете колку спонтано и колку срдечно го гушна претседателот. Во исто време нивниот вицепремиер беше во посета на Хрватска, а таму немаше знаме на РСМ, имаше две хрватски знамиња, зошто таму може, но не и тука – додаде проф. Топалов.