
Тони Блер номиниран за шеф на преодната власт во Газа
Поранешниот британски премиер Тони Блер би можел да стане шеф на преодната власт во Газа, пишува списанието „Економист“. Според овие наводи, како дел од планот за управување со територијата по завршувањето на непријателствата, се разгледува формирање на тело наречено Меѓународна преодна власт во Газа (ГИТА), на чие чело би можел да биде Блер.
Препорачано
Списанието потсетува дека поранешниот британски премиер бил во Газа неколку пати од почетокот на војната и дека е активно вклучен во развивањето план за управување со оваа територија во постконфликтниот период.
„Тој е подготвен да го жртвува своето време. Искрено сака да ја заврши војната“, изјавил еден од изворите запознаени со политичарот, пренесува „Економист“.
Доколку ја преземе оваа улога, на Блер би му била доделена една од најпредизвикувачките задачи во меѓународната дипломатија – да обезбеди стабилност и почеток на реконструкција во регион кој со години е сцена на вооружени конфликти и длабоки поделби.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
46сек
-
2мин
-
13мин
-
14мин
-
15мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5