Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тинејџерка од Скопје е тешко повредена, ја прегазил возач на комбе во Ново Лисиче

18-годишна девојка од Скопје е тешко повредена откако вчера во населбата Ново Лисиче ја прегазил возач на комбе, соопшти МВР.

„На 03.09.2025 околу 14:00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул. „Февруарски Поход“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(53) од Скопје удрило во 18-годишната И.И. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!