EPA-EFE/DEAN LEWINS

Tимот на Светот го освои Лејвер Купот, Фриц се закити со МВП наградата

Тенисерите од Тимот на Светот се новите победници на Лејвер Купот, кој годинава се одржа во Сан Франциско. Ова е трета победа за „светската селекција“ во осумте досегашни изданија на турнирот, а клучна улога во триумфот имаше Американецот Тејлор Фриц.

Фриц најпрво го совлада најголемото име на европскиот тим, Карлос Алкараз, на кого му препушти само пет гема. Во решавачкиот дуел, тој беше подобар и од вториот фаворит, Александар Зверев, славејќи со 6-3, 6-7(4).

Со овие победи, Тимот на Светот стигна до 15 освоени поени, наспроти деветте на европската селекција. Алкараз им ги донесе последните поени на Европа со убедлива победа над Серундоло (6-2, 6-1), но тоа не беше доволно да се спречи поразот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот