Полиција / Фото: МВР

Тетовец со запалка предизвикал пожар во домот на негов роднина

Четириесет и петгодишен жител на тетовското село Теново кој вчера со запалка предизвикал пожар во домот на негов роднина доби мерка притвор. Инцидентот се случил околу 9 часот во домот на 57- годишниот роднина.

– Денеска судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на З.О. (45) од тетовско Теново му определил притвор во траење од 30 дена поради основано сомнение дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност” казниво по член 288 став 1 од Кривичниот законик, по што е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје, информира СВР Тетово.

Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија информираа дека ОЈО Тетово донело наредба за спроведување на истражна постапка против 45-годишниот жител на Теново кој се сомничи за тешки дела против општата сигурност.

– Осомничениот претходно во неколку наврати телефонски се заканувал на семејство во селото, а на 25 февруари со пожар предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето. Тој со бекатонска плочка го скршил прозорецот од приземјето на куќата на оштетените, влегол внатре и запалил еден тросед, по што ја напуштил куќата. Во моментот во домот бил ќерката на сопственикот и уште една другарка. Тие го забележале чадот и се качиле на поткровјето на куќата. Тогаш дошле други соседи кои со скали успеале да ги симнат двете девојки. Од пожарот на куќата била причинета значителна материјална штета, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!