Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тестовите кај петте лами во Зоолошка покажаа дека немаат туберкулоза

Направените туберкулински тестови на пет лами во Зоолошка градина, откако една претходно угина од туберкулоза, се негативни кај сите пет единки, соопштија од ЗОО Скопје.

Оттаму велат дека продолжуваат да ја сладат состојбата на овие животни, но најважно е дека кај ниту една од нив не е востановена болеста.

Пред една недела од Зоолошката градина соопштија дека заедно со ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина лекувале лама, за која иако било направено сѐ од медицински аспект и грижа, угинала.

Обдукцијата и резултатите (со PCR метода) кај оваа лама покажаа туберкулоза, во процес кој е постар од пет години. За оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина, а често и со години заболените единки не покажуваат никакви симптоми. Веднаш во соработка и советување со Агенција за храна и ветерина, беа направени туберкулински тестови на сите лами и секојдневно ја следиме нивната ситуација и се под медицински надзо информираа од Градината.

Поранешниот директор на ЗОО, Ѓорѓи Галетановски, во коментар на соопштението вели дека туберкулозата кај ламите е релативно ретка, но сепак може да се јави.

Ако се појави, тоа може да биде сериозен здравствен проблем, бидејќи ламите можат да ја пренесат болеста на други животни или на луѓето. Лекувањето на туберкулоза кај ламите, како икај други животни, е комплексно. Во повеќето случаи, третманот на активната туберкулоза во животните не е практичен или ефективен, бидејќи бара долгорочен режим на лекови и може да биде скап – вели Галетановски.

Според него, кога се потврдува присуство на туберкулоза кај ламите, тие се еутанизираат за да се спречи понатамошно ширење на болеста. Ова е особено важно за комерцијални фарми или за животни кои доаѓаат во контакт со други животни или луѓе.

Во многу земји, ако се потврди присуство на туберкулоза кај животни како ламите, тоа може да доведе до строг мониторинг и мерки како што се изолација или елиминација на инфицираните животни за да се заштити другите животни и луѓето од ризик на зараза, објаснува Галетановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот