илустрација / фото: Слободен печат

Тешка несреќа во Битола, две мали деца и мајка повредени кога воз удрил во нивниот автомобил

Во тежок судир на локомотива и автомобил на железнички премин во близина на училиштето „Коле Канински“ во Битола, денеска се тешко повредени две деца, на двегодишна и петгодишна возраст.

Несреќата се случила на неколку стотини метри од Железничката станица во Битола. Двете деца се примени во Битолската болница, а за едното, кое е во потешка состојба, се подготвува транспорт за Клиниките во Скопје. Нивната мајка која управувала со автомобил марка „Пежо“ минала со лесни повреди и не е задржана во болница.

Од полицијата велат дека несреќата кај нив е пријавена во 8 часот, кога работна машина која се движела по пругатата во насока кон Железничката станица во Битола удрила во возило. Оттаму засега нема информации како дошло до несреќата, но се се претпоставува дека мајката со возилото во кое беа и двете деца, минала на спуштена рампа на железничкиот премин кај населбата Боримечак во Битола. Потоа автомобилот удрен и бил влечен од локомотивата неколку десетици метри,а бетонскиот столб на кој е поставена едната рампата е урнат.

Овој премин денeска работи само со една рампа, па возовите, локомотивите и други работни машини кои се движат по пругата запираат на преминот, а вработените Железници го регулираат сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот