Трамп и Кушнер EPA-EFE/JUSTIN LANE

Таткото на зетот на Трамп назначен за амбасадор на САД во Франција – Трамп го помилува по избегнувањето данок, а сега му доделува клучна задача

Сенатот на Соединетите Американски Држави го потврди Чарлс Кушнер (71), претприемач и татко на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за амбасадор во Франција.

Трамп го помилува Кушнер во декември 2020 година, откако претходно се изјасни за виновен за даночно затајување и нелегални донации за кампањата, објави АП.

Кушнер, кој доби 51 глас за поддршка, е основач на фирмата за недвижности Kushner Companies.

џаред кушнер
Џаред Кушнер и Иванка Трамп / Фото: ЕPA-EFE/Инстаграм

Неговиот син, Џаред, е поранешен советник во Белата куќа и сопруг на најстарата ќерка на претседателот Трамп, Иванка.

Кога ја објави својата намера да го номинира Кушнер за амбасадор во ноември, Трамп рече дека тој е „исклучителен бизнисмен, филантроп и преговарач“.

На сослушувањето во Сенатот претходно овој месец, Кушнер рече дека ќе соработува тесно со Франција и рече дека ќе ја охрабри Франција да „инвестира повеќе во своите одбранбени капацитети, како и да ја води ЕУ во согласност со визијата на САД за зголемени обврски за европска безбедност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!