Броила за струја / фото: МИА

Татко и син од Струшко ќе одговараат, премостиле струјомер да не мери колку трошат

Полицијата поднесе пријава против татко и син од струшкото село Корошишта, кои краделе струја откако го манипулирале броилото да не ја мери потрошувачката, соопшти МВР.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ч.И.(83) и Ф.И.(45), двајцата од с.Корошишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 17.01.2025 била извршена контрола на објект во Струга, при што било констатирано дека пријавените го прекинале доводниот кабел до електричното броило и на него поврзале бакарни жици со кои се премостувало елетричното броило да не мери потрошувачка“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!