Тарифите на Трамп го „потонаа“ грчкото маслиново масло, производителите се вртат кон Бразил и Австралија!

Грчките производители на квалитетно маслиново масло итно бараат нови пазари. Тарифите на Трамп за европските стоки го прават грчкото маслиново масло, кое со години е барано во САД, непопуларно, велат производителите. Грција е петти најголем извозник на маслиново масло во САД, со околу 10.000 тони годишно, пишува „АгроТелеграф.бг“.

Производството на маслиново масло е многу важна индустрија за земјата. Производот успешно се продаваше на американскиот пазар, а сега производителите се грижат сами за себе, велат од секторот. Некои веќе успеале да склучат договори со малопродажни синџири во Бразил и Австралија, но по компромисна цена и количини. Грешката на грчките производители е што го создадоа целиот систем на производство и извоз, потпирајќи се само на американскиот пазар, признаа сопствениците на компаниите за маслиново масло во коментарите.

Не е можно за кратко време да се пренасочи производството кон други пазари. Високата цена на квалитетното маслиново масло – на пример, од островот Крит – не дозволува да се пласира на домашниот пазар, категорични се производителите. Тие се обратија до владата со барање за помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот