
Таравари го разреши директорот на кумановската болница поради сомнежот дека пациент почина од анафилакса после даден аналгин
Министерот за здравство Арбен Таравари го разрешил директорот на кумановската болница доктор Стефан Трајановски откако во медиумите беше објавено дека 32-годишниот пациент Ведат Адеми починал откако му била администрирана венска линија со лек што содржел аналгин, на кој тој бил алергичен (анафилакса). Сега разрешениот директор Трајановски за „Слободен печат“ вчера изјави дека резултатите од обдукцијата на пациентот ќе бидат доказ дали му била администрирана терапија што не смеело да се администрира, или причината била друга. Таравари денеска рече дека директорот е разрешен откако државниот здравствен и санитарен инспекторат пронашол неправилности за кои не прецизираше какви се.
Препорачано
Се надевам дека утре ќе назначиме нов директор во Општа болница Куманово. Целата документација ќе биде разгледана и предадена на Обвинителството. Се надевам дека судот ќе донесе правична одлука ако постои лекарска грешка. И тие што водиме институции, и тие што лекуваме пациенти треба да сме свесни дека ако има пропусти треба да се одговара. Затоа од утре јас ќе ве известам и ќе излеземе со името на новиот директор, рече Таравари.