Офанзива на талибанците. / Фото: ЕПА

Талибанците го исклучија интернетот

Авганистан беше речиси целосно отсечен од остатокот од светот утрово. Интернет и телефонски услуги беа прекинати низ целата земја откако владејачките Талибанци објавија дека ќе го исклучат интернетот како дел од борбата против „неморалните активности“.

Овој потег предизвика страв и паника кај милиони Авганистанци и нивните семејства во странство, продлабочувајќи ја изолацијата на земјата под сè построгата талибанска власт, објави Си-ен-ен.

Надзорникот за интернет Нетблок потврди доцна во понеделникот дека бројни мрежи во Авганистан се затворени, што резултираше со „целосен прекин на интернет“ за нацијата од 43 милиони луѓе.

Авганистанците што живеат во странство изјавија дека не биле во можност да контактираат со своите семејства, а податоците за летовите покажаа дека неколку летови до Кабул биле откажани во вторник наутро.

„Од вчера нема комуникација со никого“, изјави за Си-ен-ен Мохамед Хади, 30-годишен Авганистанец кој живее во Делхи од 2019 година.

„Нема начин да разговараме, за да бидеме сигурни дали се безбедни или не“. Хади опиша чувство на паника што се шири меѓу авганистанската дијаспора.

„Ова нарушува сè, мислам, сè е поврзано, барем можевме да се јавиме порано“, додаде тој.

Телевизијата Толо њуз, со седиште во Кабул, објави дека прекинот сериозно влијаел врз нивната работа, додека меѓународните новински агенции Асошиејтед прес и Франс прес соопштија дека не можеле да стигнат до своите канцеларии во главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот