Антонио Тајани/ Фото: Амбасада на Италија

Тајани: Палестинската држава во моментов не постои и нејзиното признавање не би имало смисла во овој момент

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Италија не само што ги осудува настаните во Газа, туку презема и конкретни акции, за разлика од другите кои, како што вели тој, „само зборуваат“.

„Италија е западната земја која примила најмногу бегалци од Газа. Спасувањето човечки животи е конкретна обврска што ја исполнуваме. Вчера разговарав за ова и со папата Лав XIV“, рече Тајани во интервју за Радио Раи 1.

Тој оцени дека признавањето на палестинска држава во овој момент „нема да има смисла“.

„Палестинската држава во моментов не постои, а нејзиното признавање во овој момент нема да има смисла. Прво мора да создадеме услови за нејзино постоење, а дури потоа да зборуваме за признавање“, додаде шефот на италијанската дипломатија. Тој го осуди и израелскиот напад врз болницата Насер во Кан Јунис, во кој загинаа пет новинари, велејќи дека тоа е „неприфатливо“ и дека новинарите мора да можат да работат без страв за своите животи.

Коментирајќи го спорот со Франција околу испраќањето војници во Украина, Тајани рече дека надворешната политика е одговорност на премиерот и министерот за надворешни работи и дека резултатите се „постигнуваат преку моќта на идеите и конкретните дејствија, а не со вербалното насилство“, пренесува Танјуг.

Француските власти го повикаа италијанскиот амбасадор во Париз, Емануеле Д’Алесандро, на разговори во саботата, откако италијанскиот вицепремиер Матео Салвини упати навредливи коментари кон францускиот претседател Емануел Макрон.

За време на состанокот во Милано, Салвини, одговарајќи на прашање за евентуалното испраќање италијански војници во Украина, рече дека „Макрон треба да оди таму сам, со шлем и пушка“.

Според француски дипломатски извори, зборовите на Салвини се „спротивни на климата на доверба и историскиот однос меѓу двете земји“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!