• запорожје

Украинските сили гранатирале област во близина на нуклеарната централа во Запорожје

Украинските сили гранатирале подрачје во близина на нуклеарната централа во Запорожје, соопшти началникот на регионот, Евгениј Балицки. Според него, гранатирањето предизвикало запалување на сува вегетација, по што се појавил густ чад во околината. Екипи на Министерството за вонредни ситуации се на терен и работат на гаснење на пожарот, пренесува РИА Новости.