ВИДЕО | Фудбалските ветерани на Македонија и Бугарија одиграа хуманитарен натпревар за Кочани
На стадионот Спартак во Варна ѕвездените ветерански тимови на Македонија и Бугарија одиграа хуманитарен фудбалски натпревари. Фондацијата Nationals 94 го организираше настанот во партнерство со општина Варна. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на настраданите од пожарот во дискотеката во Кочани. Во добротворниот натпревар македонските фудбалски ветерани победија со 3:2 против ветераните на Бугарија. …