Две деца избегале од Јавната установа за згрижување, полицијата трага по нив – имаат 12 и 17 години
Јавната установа за згрижување деца ноќеска пријавила дека ги нема двајцата штитеници А.Х.(12) и К.П.(17). Тие и претходно се оддалечувале од установата, но биле враќани назад. Случајот е пријавен околу 00.25 часот во Полициската станица Карпош. Како што информира МВР, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.