Силен земјотрес на Суматра

Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на индонезискиот остров Суматра. Индонезиската Агенција за геофизика издаде предупредување за појава на цунами. Епицентарот, според Американскиот геолошки завод, бил на 227 километри од градот Телук Бетунг, а земјотресот бил на длабочина од 59 километри.