Денеска се одбележува Светскиот ден на водата
Светскиот ден на водата се слави секоја година на 22 март. Денот беше усвоен со резолуција на Обединетите нации во декември 1992 година, а официјално се слави од 1993 година. Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и одржување на хигиената е неопходна за животот и здравјето. …