Во Ректоратот на УКИМ е промовирана колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“
Колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ е капитално научно издание од доменот на хуманистиката со кое на најубав начин во меѓународните славистички кругови се афирмираат дострелите на македонската книжевна наука. Оваа драгоцена публикација е плод на интензивната и успешна соработка меѓу Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Институтот за македонска литература како единици на УКИМ, Комисијата …